ДОБРОДОЈДОВТЕ НА ВЕБ СТРАНИЦАТА
 
 
    
          
ТЕЛЕКОЛАБОРАТИВНИ ПРОЕКТИ

 
   
 

 

 
 
 
 
 
 
 
 

Телеколаборативни проекти - отварање нови можности и проширување на перспективите


 

Мојата земја Македонија
 

Проектот „Мојата земја Македонија “ исто ќе се реализира до крајот на април/почетокот на мај 2007 година. Во овој проект дискусиите ќе се на теми кои ќе ги утврдат учесниците на проектот во текот на октомври. За веќе во ноември да се започне со интеракцијата на учесниците. И во овој проект форумската дискусија ќе се случува на образовниот портал на Македонија 
http://nastavnici.schools.edu.mk/e-school/mod/forum/view.php?id=41 на македонски јазик. Исто така, дискусиите може да се одвиваат на албански јазик на форумите на образовниот портал на Македонија.  
 

Во активностите на овој проект со свои наставници и ученици се вклучени сите основни и средни училишта кои се избрани во овој проект. Тие ќе комуницираат, ќе соработуваат, учат и творат во работни групи во самото училиште и преку е-маил листи, форуми, блогови.

Секое училиште ќе изработи web презентација на резултатите од работата на проектот. За да ги видите web презентациите на секое училиште учесник во проектот кликнете тука.
 

Планирани активности во рамките на проектот
 

1. Формирање на тимот за работа до крајот на октомври
2. Календар на активности со динамика исто до крајот на октомври
3. Идентификувње на теми на дискусија во текот на прва половина на             ноември
4. Изработка на веб страна на проектот ноември - мај
5. Подготвување на учениците за учество во проектот и најавување на                 форумите до 20 ноември
6. Претставување на учесниците до крајот на ноември
7. Форумска дискусија и блогови од сите училишта на темите во рамките на         овој проект декември – април
8.Презентации од работата на работните групи во училиштата – март и април
9. Резимирање на дискусиите, оформување на резултатите – април 2007
10.Публикување на дискусиите, прилозите од учесниците и конечните резултати на веб страната на проектот – мај 2007

Очекувани резултати од овој проект се: училишни работни групи (тимови) кои ќе работат на овој проект, блогови, форумски дискусии на избраните приоритетни проблеми, презентации на постигнатите резултати на училишните работни групи (тимови), публикување на прилозите од учесниците во проектот и резимиња од дискусиите публикувани на веб страната на проектот, веб страна на проектот. Ќе се настојува да се подготви и аудио, видео и хартиени материјал/публикации со резултатите од овој проект.   

За активностите во врска со овој проект обраќајте се кај координаторот – Бети Грнчаровска (gbetty@freemail.com.mk)  

Работилница Велес, 7 и 8 октомври 

 

Овозможено од великодушната поддршка на американскиот народ преку Агенцијата за меѓународен развој на Соединетите Американски Држави (УСАИД), а во партнерство со Интерактивна Мрежа за Образование и Ресурси (ИМОР)